Настапот на Лејди Гага и Бредли Купер ги воодушеви присутните во театарот на доделувањето на Оскарите, а два дена по нивната изведба, со коментар се огласи и самата пејачка.
Таа на социјалната мрежа „Твитер“ напишала дека ништо попосебно не можело да се случи од моментот во кој настапувале.
„Ништо не можеше да биде попосебно од споделувањето на овој момент на Оскарите со вистински пријател и уметнички гениј“, напиша пејачката.
Пејачката и нејзиниот партнер во филмот, Бредли Купер, се под лупа на јавноста, откако се појави нивниот филм „A Star Is Born“, а деновиве се пишува дека двајцата се во романтична врска.
Поголем сомнеж предизвика тоа што пејачката наводно ја раскинала веридбата со своето момче, а медиумите не го пропуштија моментот од непријателскиот поглед што девојката на Бредли Купер, Ирина Шајк, го упатила до Лејди Гага.
Сепак, двете за време на церемонијата пријателски се прегрнаа.