Францускиот претседател го брани користењето на лансерите на гумени проектили наспроти барањето на Советот на Европа за нивно суспендирање

Францускиот претседател Емануел Maкрон ја брани употребата на одбранбените лансери на гумени проектили (ЛБД) од страна на полицијата откако Советот на Европа  побара да се суспендира употреба на ЛБД, во име на човековите права, јавува дописникот на МИА.

Вчера Советот на Европа, преку својата комесарка за човекови права Дуња Мијатовиќ ја повика Франција „да запре со употребата на ЛБД (одбранбени лансери на гумени топки) во полициските операции” во Франција со цел „да се почитуваат човековите права”, три месеци по почетокот на движењето на” жолтите елеци “. Советот на Европа, исто така, побара од Париз да ја преиспита својата „доктрина за употреба на средно силно оружје”, категорија во која и припаѓаат ЛБД.

– Во надлежност е на министерот за внатрешни работи да одговори точка по точка за препораките што се направени, рече шефот на француската држава на заедничката прес-конференција со Ангела Меркел. – Но, како што знаете има политика на многу големо ограничување и транспарентност за овие материјали со јасна утврдена доктрина и воведување на камери за да се обезбеди правилна употреба и мониторинг.  Следењето исто така е обезбедено од страна на неопходните инспекциски тела, кога има пријави на злоупотреби, продолжи тој.

– Во однос на тоа, најдобриот начин да се избегне користењето на ова оружје, е да се „избегнат” луѓе кои сметаат дека саботното попладне постои за да се кршат излози, институции или за напади врз полицијата. Јас кажувам многу едноставно, јас нема да ја оставам полицијата без никакво средство за одржување на јавниот ред и мир, или да не може да се брани наспроти луѓе кои денес се вооружени и со најлошите намери, нагласи Макрон.

Вчера претседателот Maкрон ја осуди „демократијата на бунтови” и денеска портпаролот на владата на Бенжамин Гриво ги осуди оние кои сакаат да „кршат, грабаат, крадат, палат, напаѓаат насилнички, да не кажам убиваат претставници на силите за одржување на јавниот ред”.

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, исто така ги повика вчера француските власти да не носат „прекумерни ограничувања на слободата на мирно собирање”, преку новиот закон наречен „антинасилнички демонстранти”, кој им дава овластување на префектите да им забранат на лица да демонстрираат. 

Треба да знаете
Последни објави