Данска препорачува бензинските пумпи и продавниците да работат само со кредитни картички

Данската влада размислува да им даде на продавниците и бензинските пумпи можност за безготовинско работење како мерка против криминалот, пренсува „Локал“.

Пратениците треба да размислат за олеснување на тековните правила според кои огромно мнозинство од продавниците мора да прифаќаат готовински плаќања.

Предложените измени на правилата ќе им овозможат на бизнисите како бензинските пумпи, стоковните куќи и продавници за облека да работат само со картички и со онлајн форми на плаќање.

„Таквата мерка ќе обезбеди дополнителна безбедност за продавниците. Денес се помалку луѓе користат готовина, па сметаме дека треба да постои рамнотежа помеѓу тешкотиите и безбедносните ризици наметнати врз сопствениците на бизниси и придобивките од прифаќањето готовина, вели министерот за бизнис, Расмус Јарлов.

Законот од 2017 година им овозможи на одредени продавници да аплицираат за безготовинско работење во периодот од 22 до 6 часот, но владата очекува определен број продавници да ја искористат можноста за целосно исклучување на готовинското плаќање ако им се понуди.

„Ако се уште сакате да користите готовина, би ве советувал да им кажете тоа и на продавниците каде што купувате. Очекувам бизнисите да ги слушаат своите клиенти. Ние не принудуваменикого да престане да користи готовина,” додаде Јарлов.

Треба да знаете
Последни објави