Кина откри резерви од 100 милијарди кубни метри природен гас во Бохајското Море

Најголемиот кинески офшор-производител на нафта и гас објави дека открил резерви од 100 милијарди кубни метри природен гас во Бохајското Море, бо близина на Северна Кина, што е најголема резерва во областа зво последните 50 години, пренесува „Спутник“.

Чајна нејшнел офшор оил корпорејшн“ (ЦНООЦ) соопшти дека резервата може да опслужува еден градот со милион жители повеќе од 100 години. Територијата на полето со природен гас е поголема од површината на 100.000 национални водни центри, објави CCTV.

Лиу Баошен, проект менаџер во ЦНООЦ, изјави за медиумите во 11 бунари во Бохајското Море се откриеи нафта и гас, а дванаесеттиот бунар е со длабочина од 4.700 метри под морското дно.

Најголемиот дел од домашните полиња за природен гас се наоѓаат во Западна Кина, додека 70 отсто од природниот ресурс се користи во централниот и источниот дел на земјата.

Треба да знаете
Последни објави