Агенцијата за фудбалска статистика го избра најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната во Серија А. Изненадувачки во идеалниот тим нема место за првиот стрелец во лигата Кристијано Роналдо.
Португалецот минатото лето пристигна во Јувентус и во досегашниот дел од сезоната има постигнато 19 гола. Сепак според податоците на ОПТА, статистички подобра е напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек.
Јувентус нема напаѓач во идеалниот тим, но затоа бековите и плејмејкерот се од редовите на „старата дама“ (Алекс Сандро, Жоао Кансело и Миралем Пјаниќ). Во идеалниот тим има по двајца играчи на Интер и Наполи и по еден на Милан, Лацио, Рома и Аталанта.