Албин Курти пуштен од болница

Лидерот на косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој завчера беше хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот клинички центар (ЌКУК) поради проблеми со дишните органи, денеска е пуштен на домашно лекување.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, ЌКУК информира дека состојбата на Курти е стабилна.

– Прес службата на ЌКУК информира дека состојбата на пратеникот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, е стабилна. Лекарскиот конзилиум на Инфективната клиника одлучи да го пушти Курти на домашно лекување, соопшти ЌКУК.

Курти поради висока температура и мачнини во вторникот претпладне беше хоспитализиран на Инфективното оделение во ЌКУК и првичната дијагноза беше дека е најверојатно заразен од сезонски грип. Подоцна се утврдило дека има проблеми со дишењето, односно белодробна настинка.

Поради тешката клиничка состојба, како што изјавија лекарите, истиот ден бил сместен на Одделението за интензивна нега и реанимација, каде што му е извршена интубација на кислород.

Треба да знаете
Последни објави