Македонија не смее да помине низ нов изборен процес со Љубомир Јовески како републички јавен обвинител. Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, согласно надлежноста и функцијата требаше да започне истрага за кривични дела од извонредно значење, како што е изборниот процес односно референдум. Со евидентната кражба на гласови, со полнење на кутии во рекордно време, со поткуп на гласови, со притисоци врз дминистрацијата, не успеаја да ја поразат волјата на народот и да го протуркаат референдумот за капитулантскиот договор. Како што не успеаја тогаш, нема да успеат ниту сега“, рече тој.