(Видео) Ужас во Паг: Притворен таткото кој ги фрли децата од 6 метри височина

Јосиф Роџак, ноќен чувар во камп на Паг е таткото кој изутринава ги фрли своите четири мали деца од првиот кат на семејниот дом на овој хрватски остров. Тој е уапсен, додека неговите деца се хоспитализирани, а две од нив се тешко повредени. Децата се на возраст од 3, 5, 7 и 8 години, а татко им ги фрлил изутринава пред 7 часот од 6 метри височина.По пристигнувањето на полицијата, децата биле во свесна состојба. Тие се префрлени во болницата во Задар.

Според хрватските медиуми, Јосиф работел како ноќен чувар дека неговата сопруга се грижела за децата. Таа имала и 18 – годишна ќерка од првиот брак која и била одземена и живее во Риека. Пред десет години, семејството се преселило од Вировитица на островот Паг.

Во времето кога се случил инцидентот во куќата била и мајката на децата. Таа, наводно, сакала да оди со децата во болница, но полицијата не и дозволила и ја вратиле дома. Двете деца на возраст од 7 и 8 години имаат потешки повреди и се сместени на одделение за интензивна нега. Тие имаат фрактури на телото. Другите две деца на возраст од 3 и 4 години се полесно повредени.

„Се надевам дека децата ќе бидат во ред, иако првите информации од болницата се дека децата се многу повредени. Ние се обидуваме да утврдиме од контактите со Центарот за социјална работа во Паг каква била состојбата во семејството. Ќе испратиме итна инспекција. Јас сум шокирана, жал ми е за децата, па дури и не можам да верувам дека ова може да им се случи со мали деца”, изјави министерката за демографија, семејство, млади и социјална политика, Нада Мурганиќ.

Соседите велат дека чувствувале дека нешто не е во ред со семејството. Децата секогаш како патчиња оделе зад својата мајка, за која биле многу врзани.

Полицијата изутринава во 6:47 часот добила повик дека 54-годишен маж на островот Паг на улицата Јосип Јелачиќ од висина од 6 метри ги фрлил своите четири малолетни деца од 3, 4, 7 и 8 години. Полицијата ги утврдува околностите на оваа трагедија.

https://www.facebook.com/24sata/videos/251738315765000/?t=0

Треба да знаете
Последни објави