Генерал Хајтен: САД во иднина нема да можат да се спротистават на руските ракети

Началникот на Стратешката команда на Вооружените сили на САД, генерал Џон Хајтен денеска изјави дека Вашингтон не може да се спротистави на руските ракети и оти е неопходно да се продолжи Договорот СТАРТ-3 со Москва.

Тој наведе дека најголема опасност претставуваат најновите крстосувачки и хиперсоночни ракети, како и беспилотната подморница Посејдон.

– Загрижен сум дека за десет или повеќе години овие торпеда, крстосувачки хиперсонични ракети ќе тргнат во целосно друг правец и дека ќе имаме проблеми, изтакна Хајтен пред Сенатот.

Тој додаде дека „денес може да ја одбрани нацијата, како и командантот кој ќе дојде по него, но оти е загрижен за тие кои ќе дојдат по нив”.

Генерал Хајтен објаснувајќи ги специфичностите на руските ракети посочи дека постоечкото американско оружје може да ги открие, но тие потоа „исчезнуваат и не се гледаат до моментот на удар”.

Тој, исто така, побара од Сенатот да ги зголеми расходите за модернизација на „нуклеарната тријада”, која вклучува стратешки бомбардери, ракетни системи земја – воздух и ракетни системи вода – воздух. Генерал Хајтен наведе дека за тоа ќе бидат потребни околу еден билион долари.

САД и Русија потпишаа Договор за намалување на стратешкото офанзивно оружје во 2010 година. Според Договорот секоја страна треба да го намали нуклеарниот арсенал така што во следните седум години и понатаму вкупното вооружување да не надминува 700 интерконтинентални балистички ракети, балистички ракети на подморници и тешки бомбардери, како и 1.550 боеви глави и 800 распоредени и нераспоредени лансирни системи. Договорот ги обврзува Русија и САД да разменуваат информации за бројот на боевите глави и на ракетите-носачи двапати годишно.

Русија и САД до 5 февруари 2018 година мораа да постигнат контролни показатели според Договорот, што истекува во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави