Градежник паднал од скеле и починал

Градежник паднал од скеле и починал, вчера додека работел на Градскиот стадион во Битла. Според полицијата, станува збор за  Д.Д.(58) од битолското село Црнобуки.

Според полицијата, несреќата се случила околу 11.30 часот при изведување градежни работи на објект во изградба кога во еден момент градежникот паднал од скеле на бетонска подлога.

Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди,  но поради сериозноста на повредите Д.Д. починал во 19.30 часот.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави