За само 3 дена Меган Маркл носеше облека во вредност од 128.000 евра

Меган Маркл која помина три дена во северно-африканската земја Мароко, ја заинтригира јавноста со модните комбинации кои беа мешавина од дизајнерска висока мода и уличен стил. Војвотката моментално е во седмиот месец од бременоста, па често мора да носи облека која се шие според нејзина мерка.

Вкупната цена за нејзината гардероба за оваа прилика, не вклучувајќи го неидентификуваниот пар на дијамантски обетки се проценува на 128.000 евра, благодарејќи на фустанот од Диор кој чини 104.000 евра.

Во октомври 2018 година беше на турнеја низ пацифичките земји и облеката која во тој момент ја носеше чинеше 136.000 евра. Сите знаеме дека многу дизајнери ја позајмуваат нивната облека на славните или членовите на кралското семејство само за да ги рекламираат, но веројатноста е многу мала дека оваа облека на Меган е позајмена или ефтина.

Пред да се омажи за принцот Хари, Меган заработувала 4,3 милиони евра и сама си ја купувала облеката и добивала подароци од брендовите кои сакале токму таа да ги носи и рекламира нивни работи.

Сега, откако стана војвотка од Сасекс според протоколот на кралското семејство ѝ е забрането да добива било какви подароци. За среќа, откако влезе во семејството таа не мора да се грижи како ќе ја плати скапоцената облека, бидејќи нејзиниот сопруг “тежи” речиси 34,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави