Исчистете превртена кожа со две состојки

Исчистете превртена кожа со две состојки

Облеката, чевлите или модните додатоци од превртена кожа понекогаш изгледаат многу поубаво од примероците од обиќна кожа, но често ги избегнуваме поради едноставна причина – тешко се одржуваат.

Но постојат интересни трикови кои ќе ви помогнат самите да се справите со овој проблем:

Алкохолен оцет

За темните флеки на превртената кожа употребете го овој трик. Пред да почнете со чистење, на скриено место покрај ѓонот истурете алкохолен оцет и оставете го да се исуши. Ако капката не остави никаква трага, продолжете ја постапката. Натопете парче ткаенина во оцет и со неа нежно потопете ја флеката додека не се намокри, оставете ја кратко да отстои, па пребришете со сува крпа.

Вода

Капките вода на превртената кожа може да остави темни флеки. Овој проблем можете да го решите лесно. Натопете ја крпата во млака вода и пребришете ги целите чевли. Бојата привремено ќе потемни, но кога кожата ќе се исуши ќе се врати нормалната нијанса, а флеката ќе исчезне.

Треба да знаете
Последни објави