Ловџија застрелал ловџија

Ловџија со еден куршум од ловечка пушка повредил ловџија со кого заедно биле на лов, вчера во близина на КИчево.

Според полицијата, несреќата се случила попладнето во во атарот на селото Осој, во месноста Алексова нива. Ловџијата Д.С.(34) при лов од ловечка пушка испукал куршум при што го повредил А.С.(66) од Кичево.

А.С. со Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот, а Д.С. бил приведен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави