Пожар во училиште во Подгорица, учениците скокале од прозорци за да побегнат

Во средно машинско училиште во Подгорица утрово избувнал пожар, во кој нема повредени, објавија регионалните медиуми.

На снимка објавена на инстаграм-страницата „Подгорички времеплов“ може да се види како учениците надвор скокале преку прозорците, објави сајтот cdm.me, а пренесе „Танјуг“.

Во соопштението на противпожарната служба се наведува дека во пожарот изгорел автомобил „југо“ кој се користел за практична настава.

Исто така, изгорел и дел од инвентарот на гаражата и алат, а од чадот настанала и помала штета во блиските простории.

„Два тима беа испратени на местото на настанот, а пожарот беше ставен под контрола во 10 часот и 5 минути“, соопштиле од противпожарната служба.

Директорот на училиштето изјавил дека за времето на пожарот во просторијата имало четворица ученици и професор.

Треба да знаете
Последни објави