Познатите актери се разведоа поради неговото неверство, а денес се во одлични односи

Иако се разведе, актерскиот пар, Бен Афлек и Џенифер Гарнер повторно е во одлични односи.

Во 2017-та година, парот официјално ги потпишал документите за развод, после 12 години брак.

Несогласувањата почнале во 2015-та година, кога Бен имал афера со дадилката која ги чувала нивните три деца. Иако актерот го демантирал неверството, Џенифер ги потврдила овие гласини, но никогаш повторно не зборувала за разводот.

„Живеевме одвоено неколку месеци, пред воопшто да ја слушнам приказната за дадилката. Таа немаше никаква врска со нашата одлука да се разведеме“, рекла Џенифер.

Со текот на времето страстите се намалиле, а поранешните сопружници често може да се видат заедно во друштво. Вчера биле фотографирани додека заедно се шетале низ улиците на Брентвуд во многу добро расположение.

Треба да знаете
Последни објави