Поранешниот адвокат на Трамп: Тој нема мирно да си замине од власта

Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, вчера повеќе од 4 часа сведочеше пред Конгресот. На самиот крај од сведочењето, тој изнел загрижувачко предурпедување за самата иднина на американската демократија.

„Моја лојалност кон господинот Трамп ме чинеше се. Среќата на моето семејство, пријателствата, мојата лиценца за работа, мојата компанија, моите животни приходи, мојата чест, репутација, а наскоро и мојата слобода. И нема да седам овде, да молчам и да дозволам да ѝ го направи истото и на земјата. Навистина, со оглед на моето работно искуство со Трамп, се плашам дека ако изгуби на изборите во 2020 година, дека никогаш нема да има мирна транзиција на власта“ рекол Коен пред Конгресот.

Коен зборувал за сомнителните финансии на Трамп, вклучително и можен судир на интереси, деловните врски на Трамп со Русија, потенцијално незаконски пракси на фондациите на Трамп и незаконски исплати на пари на две жени во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

Кредибилитет на Коен како сведок ионака е многу нарушен со фактот дека е криминалец осуден на три години затвор, поради малверзации во финансирањето на предизборната кампања, затајување на данок и други обвиненија, па дополнително се обиделе да го поткопаат и републикански конгресменки за време на неговото испрашување.

Трамп, исто така од Виетнам, го обвини својот поранешен адвокат дека лаже. „Правеше лоши работи неврзани со Трамп. Лаже за да ја намали својата затворска казна“ Трамп напиша на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави