Семоќна билка: Го чува здравјето и привлекува пари

Босилекот е одличен сојузник против депресијата, а помага и во ослободување од насобраниот стрес. Оваа билка е позната по лековитите дејства и многу лесно може да ја одгледувате дома.

 

Освен како зачин, босилекот може да го користите како чај за пиење и инхалација, а исто така помага и во заштита против комарците.

Еве уште неколку причини зошто треба да ја имате и употребувате оваа билка:

1. Го чува кардиоваскуларниот  систем

2. Ја подобрува работата на цревата и помага при детоксикација на организмот

3. Го подобрува варењето на храната

4. Содржи антиоксиданси кои штитат од појава на болести

5. Го регулира стресот

6. Содржи антимикробни својства кои штитат од вируси и инфекции

7. Таа е моќен афродизијак

Се верува дека куќата во која се одгледува босилек не може да биде сиромашна, затоа еве ви уште една причина зошто во вашиот дом треба да направите место за оваа билка.

Треба да знаете
Последни објави