Тетовка измамила двајца сограѓани за германски визи

Тетовецот Б.Ѓ.(37) пријавил во полиција дека тој и уште еден негов пријател биле измамени од сограѓанката А.А.(36) која им ветила дека ќе им обезбеди работна виза за Германија за што и платиле по 270 евра.

Според пријавеното, измамничката нему и на негов колега им ветила дека за четири недели ќе им обезбедела работни визи за Германија. За завршување на ветеното тие и ги дале патните исправи и по 270 евра, но потоа повеќе не им се јавувала и се посомневале дека биле измамени.

Се преземат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави