Јенс Столтенберг во посета на Бугарија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вечерва ќе допатува во дводневна посета на Софија, на покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што јави БГНЕС, според најавите, Борисов и Столтенберг ќе имаат работна вечера на која ќе разговараат за соработката во сферата на безбедноста и одбраната и за стабилноста на регионот на Западен Балкан.

Официјалниот дел од посетата почнува утре со разговор меѓу Борисов и Столтенберг во четири очи, по што ќе се одржи средба на двете делегации.

Во состав на бугарската делегација на средбата ќе бидат и министрите на одбрана и за надворешни работи Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, додека Столтенберг ќе биде придружуван од помошникот генерален секретар за планирање и одбранбена политика Патрик Тарнер и од првиот заменик-директор на неговиот Кабинет, Лоренц Мајер Минеман.

Треба да знаете
Последни објави