Без вода утре жителите од потегот од фонтаната Парк до Влада

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека заради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 мм на крстосницата од улиците „Аминта Трети“ и „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, утре, во периодот од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од потегот од фонтаната во Парк до Влада. (Општина Центар)

Треба да знаете
Последни објави