Кој е Карпо Година, скопјанец на кој Бергамо му оддава чест?

Фестивалот во Бергамо го чествува Карпо Година, како една од најрепрезентативните фигури на т.н. “црн бран„ во југословенската и словенечката кинематографија.

 

Тој стои зад фотографијата на легендарните филмски дела “Рани трудови” (Жилник), култниот “Окупација во 26 слики” (Зафрановиќ), “Улогата на моето семејствово светската револуција” (Ченгиќ)… кои важат за најдобрите остварувања на ексјугословенската кинематографија. Публиката на во Бергамо, ќе има можност да ги види трите негови играни филмови: “Вештачки рај” (1990), “Црвениот буги” (1982), “Сплавот на медузите” (1980) – како и сите краткометражни филмови кои ги реализирал во 60-тите и 70-тите години од минатиот век

Престижниот филмски фестивал во Бергамо, во рамките на своето 37 издание (9 до 17 март), приредува ретроспектива на комплетното творештво на Карпо Година, режисер, кинематографер, сценарист и монтажер, роден во Скопје, на 26 јуни 1943.

Оваа ретроспектива во Бергамо – која за првпат го содржи неговото комплетно творештво во авангардниот краткометражен филм и долгометражни играни филмови, следува непосредно по наградата што авторот ја доби од еден од најпрестижните светски музеи, њујоршкиот МОМА (The museum of Modern Art), каде што се одржа првата американска ретроспектива во неговата кариера, што се совпадна со изложбата “Бетонска утопија: Архитектура во Југославија, 1948-1980”.

Карпо Година во шеесеттите години снима авангардни кратки филмови, а потоа е и добро познат како кинематографер, постојан соработник, меѓу другите, на познатите режисери Желимир Жилник, Лордан Зафрановиќ и Бахрудин Бато Ченгиќ. Токму авторот Година стои зад фотографијата на легендарните филмски дела “Рани трудови” (Жилник), култниот “Окупација во 26 слики” (Зафрановиќ), “Улогата на моето семејствово светската револуција” (Ченгиќ), “Жена со пејзаж” (Ивица Матиќ)… кои важат за најдобрите остварувања на ексјугословенската кинематографија.

Публиката на фестивалот во Бергамо, пак, ќе има можност да ги види трите негови играни филмови кои тој ги режирал: “Вештачки рај” (1990), “Црвениот буиги” (1982), “Сплавот на медузите” (1980) – како и сите негови краткометражни филмови кои ги реализирал како автор во 60-тите и 70-тите години од минатиот век во некогашна Југославија.

Фестивалот во Бергамо го чествува Година како една од најрепрезентативните фигури на т.н. “црн бран” во југословенската и словенечката кинематографија.

Филмскиот опус на Карпо Година, кој е голем пријател со македонските филмаџии и повремено соработуваше во некои нивни проекти, се очекува да биде прикажан и во Кинотеката на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави