Марихуана, воздушни пушки и монети најдени кај струмичанец

Марихуана, две воздушни пушки, цевка од воздушна пушка, мобилни телефони, стари монети биле пронајдени во дом на струмичанец.

Полицијата вчера на пладне извршиле претрес и во дом и помошни простории сопственост на С.Г.(28), од кои две на локација во Струмица и еден дом во село Петралинци.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, две воздушни пушки, цевка од воздушна пушка, мобилни телефони, 16 стари монети и еден стар прстен.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесени кривични пријави.

Треба да знаете
Последни објави