Нема повредени во престрелка која се случила попландево на булаварот Партизански Одреди во населбата Карпош 3. Според изјави на очевидци, било пукано од два автомобили, од кои патниците разменувале огин едни кон други.
За среќа нема пријавено повредени граѓани, иако не е исклучена можноста да има повредени меѓу учесниците во престрелката.
Од МВР засега нема информации за инцидентот, но се врши увид и сообраќајот се одвива отежнато.