Срам ми е што сум тука“ – Се расплака обвинетата Стефановска за „Титаник 2“

-Во мојата работна кариера немало ниту една грешка. Затоа не знам зошто суд денес тука. Тоа гласање не оставило некаков впечаток, дури и не се сеќавам како сум гласала, бидејќи секогаш сум гласала по закон и по сопствено убедување“, расплакана со солзи во очите кажа во завршниот збор Анета Стефановска, член на Државната изборна комисија (ДИК) и една од обвинетите во случајот „Титаник 2“.

-Јас сум достојна личност и работам професионално. Еве тука се сите, нека каже некој дали ми влијаел како да гласам, кажа Стефановска.

Предметот  „Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Треба да знаете
Последни објави