Астролозите тврдат дека ѕвездите имаат големо влијание на психичкото здравје на луѓето и одвојуваат три хороскопски знаци како најлабилни.
Проверете за кои знаци во Зодијакот станува збор и бидете внимателни со нив бидејќи својата лабилност многу вешто ја кријат.
1. Водолија
Луѓето кои не ги познаваат баш најдобро често ги доживуваат Водолиите како откачени и кул, додека нивните најблиски ги сметаат за исклучително силни луѓе. Но, вистината е некаде во средина бидејќи овие луѓе се во состојба стоички да ги пребродат тешките удари во животот, додека од друга страна од некоја ситница можат да се разбеснат и да паднат во депресија.
2. Риби
На хиперсензибилните Риби често тешко им оди да останат прибрани и стабилни. Колку подолго се воздржуваат, толку поголема штета прават на своето психичко здравје. Личностите родени во овој знак обично мислат дека ним им се случуваат најлошите работи во животот, поради што со години им попуштаат нервите па е можно да им се случат изненадни хистерични напади. Рибите поради тоа често страдаат и од разни фобии.
3. Скорпија
Скорпијата со право ја карактеризираат како најмрачниот хороскопски знак. Освен што често се депресивни и намрштени, тие се и многу агресивни. Личностите родени во овој знак најчесто минуваат низ различни животни фази, а кога ќе паднат во оваа најмрачната, склони се кон агресивни испади и правење сцени.
Уште една нивна изразена мана е одмаздољубивоста, затоа бидете внимателни. Скорпијата никогаш не заборава, затоа избегнувајте замерки со неа. Таа не простува навреди.