Доктор Дражан Пеша од Врбас, Србија ја нападнал на работно место медицинската сестра ЈеланаЧ., ја кубел за коса, ја влечел низ ординација, ја давел и ѝ се заканувал дека ќе и го растури мозокот… и се тоа зашто несреќната жена ја симнала од ѕидот иконата на Света Петка. Целиот настан бил снимен на телефон, па деновиве излезе во јавноста.
Инцидентот се случи во декември во Амбулантата по спортска медицина, со која управува овој лекар. Сестрата Јелена Ч., која се уште е на боледување по тепањето, вели дека снимката е автентична, но не знае кој ја направил.
Од здравствениот дом „Вељко Влаховиќ” потврдуваат дека се случил инцидентот кој бил пријавен во полиција, а медицинската сестра поднела кривична пријава против докторот, против кого е почната дисциплинска постапка.
Од Домот велат дека држење на икони на ѕид не само што не е задолжително, туку воопто не е дозволено во ниту една здравствена установа.
Аудио снимката може да ја слушнете на следниот линк Блиц