Списокот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непотизам, доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата е фаличен и нецелосен. На списокот недостасуваат илјадниците роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во државни институции и јавни и државни претпријатија во 11-те години криминално владеење, соопшти СДСМ.
Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ на списокот треба да ги запише и братучедот на Христијан Мицкоски, сестрата и таткото на генералниот секретар Игор Јанушев, вујкото, братучедот, снаата, братучетката и зетот на Антонио Милошоски, сестрата, сопругата, вујкото, тетката на Димитар Стевананџија, ќерката и братот на членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на УЈП, Анастасија Илиеска.
,,Ако ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски навистина се загрижени, ако имаат образ и достоинство, тогаш треба да ги повикаат своите роднини да се повлечат, а откако ќе ги повикаат, нека подготват нов список кој ќе го достават до Комисијата за спречува корупција.
Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи за непотизам. Го охрабруваме ова независно тело и ги очекуваме одлуките. Наскоро, СДСМ ќе поднесе претставки за сите останати случаи на вработувања роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нуди решенија и веќе почнаа првите повлекувања. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот”, се додава во соопштението.