На маргините на економскиот форум што се одржува во Делфи, Грција, предвидена е средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.
Димитров и Катругалос се дел од учесниците на форумот, а македонскиот министер вечер ќе има и свое обраќање.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори објави дека фокусот на средбата ќе биде ставен на имплементацијата на Договорот од Преспа, „како и на техничките и практичните проблеми кои секојдневно се појавуваат од спроведувањето”.
Министерот Никола Димитров во рамите на форумот ќе има и други билатерални средби.