,,Деновиве на тапет се членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ приведени и држани повеќе од четири часа во полициска станица само единствено затоа што не се плашат и не се двоумат да ги критикуваат глупостите на оваа власт, нивното неработење и незнаење”, изјави Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, вработувањето на своите блиски роднини од страна на функционерите на СДСМ зема се поголем замав и непотребно се трудат да го покријат и ја дефокусираат јавноста и со тоа ги поминаа сите граници.
,,Иако веќе година дена јавно ги критикуваме и именуваме имињата на функционерите и нивните блиски, сепак тие не се засрамија, туку напротив по истиот пример продолжија и останатите. Директорката на студентскиот дом во Битола, Соња Карапец ја вработи својата ќерка во судот во Општина Битола. Заменик градоначалникот и член на Советот на Општина Битола, Емилија Костурски го врати својот сопруг во Општина Битола. А, претседателот на Советот, Валентин го вработи својот братучед во Општина Битола. Радмила Бајоска главна сестра во Клиничка Болница Битола, ја вработи својата ќерка во Клиничка Болница, а својот сопруг во РЕК Битола.Ова се само дел од вработувањата во СДСМ во последните неколку месеци, очигледно наместо живот за сите, се грижат единствено за живот за нивните најблиски и прогон на нивните неистомисленици”, додаде тој.