Тешко повреден пешак во Велес

Велешанец бил тешко повреден откако бил удрен од автомобил, вчера во Велес.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 10 часот на пешачки премин од крстосницата нa улиците Благој Ѓорев и Борис Трајковски. Автомобил  „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.А.(76) од велешката населба Отовица, удрил во пешакот Д.С.(44) од населбата Превалец.

По сообраќајката пешакот бил пренесен во болницата во Велес.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави