Полицијата вчера уапсила таксист кој нелеглано превезувал 20 кутии со тутун и 10 кеси наполнети со тутун.
Според полицијата, вчера 11.30 часот во Гевгелија бил сопрен автомобил „мерцедес“ со гевгелиски регистерски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од П.Л.(46) од Богданци.
При преглед на возилото биле пронајден тутунот кој е предмет на кривично дело недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки, по член 60 од Закон за акцизи.
Возачот бил уапсен, а пронајдените предмети и возилото биле одземени.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.