(Видео) Славева: Филипче наместо терапија за ретките болести набавува кондоми и лубриканти

Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти. Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи, рече Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека. Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?“, прашува таа.

Славева обвини дека здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството.

Треба да знаете
Последни објави