(Видео) Чад од запалени гуми го затемни небото над Гостивар
Чад од запалени гуми го прекри небото над Гостивар. Триесетина автобуски и камионски стари гуми биле запалени утринава на нива на излезот од Гостивар, а густиот чад предизвика револт кај граѓаните, кои реагираат на тешката миризба и загадувањето на воздухот.
„Запалени гуми на нива на излез од Гостивар денеска. Ќе има казнет или стандардно ќе остане непознат сторител?“, прашуваат од Коалицијата О2, кои спеделија видео на „Фејсбук“.
https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/2187816641470761/
На местото биле испатени полициски екипи, како и противпожарна единица. На терен биле повикани и инспекциски служби од Општина Гостивар за заштита на животната средина.