Во Македонија се уште не е изграден индентитетот на социјално претпријатие

Како да се дојде до системските решенија за поддршка на социјалното претприемништво во нашата држава, но, и до подигање на свеста кај институциите и компаниите за начините на кои тие можат да ги поддржат социјалните претпријатија, беше темата на денешниот Форум за социјално претприемништво што се одржа во Скопје.

-Во моменот нашата правна регулатива не го препозава социјалното претприемништво како такво. Вообичаено социјалните претпријатија начесто се развиваат од граѓански организации, некогаш од задругите, но во суштина и може да прераснат и од фирма или трговец поединец. Но бидејќи се така расштркани во законите, нашата регулатива не ги препознава и поради тоа се уште не е изграден идентитет на социјално претпријатие каков што се среќава во другите земји со подолга традиција, рече Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Таа вели дека во моментов има одредена поддршка од Министерството за труд и социјална поилитика и од Министерството за економија, преку мерки за вработување ранливи категории бидејќи социјалните претпријатија вработуваат вакви лица, како и за промоција на социјалното претприемништво, но вели, тоа не е доволно.

-Ни треба посистематска рамка која ќе предвиди поддршка на рзлични нивоа, од поддршка на идејата да се роди социјално претпријатие до веќе поодминати фази кога тоа ќе може да се шири на пазарот и да преминува во нови дејности, рече таа.

Нагласи дека МТСП треба што поскоро да изготви Национална стратегија, а потоа и Закон за социјално претприемништво што би требало да ја утврди потребната рамка. Во моментот, рече, нема доволно финансирање на социјалните претпријатија, подддршка за градење на капацитетите или било какво субвенционирање и оти допрва треба да се гради таа инфрастртуктура.

На форумот присуствуваа околу 70-тина претставници на државни институции, донатори, компании,  како и граѓански организации од целата земја кои се социјални претпријатија.

Треба да знаете
Последни објави