Дамите во неверување после ваквите описи за градниците

Една продавница за долна облека во Велика Британија, била критикувана на интернет, бидејќи на непристоен начин кон жените ги нарекла големините на градниците.

Листата со големини на градниците ги вклучува следниве описи: А корпата е карактеризирана како „речиси гради“, Б корпата „едвај се тука“, Ц корпата „огромна“, а Д „вештачка“.

Ц корпата е опишана како „немојте да се жалите“, Д корпата е карактеризирана како „одлична“, а ДД корпата „двојно одлична“. Единствено во овие големини е дадена позитивна критика.

Г корпата е наречена како „потребно ви е намалување“, а најголемиот број, Л, го карактеризирале како „насмејте се“.

Овие наслови се напишани на излогот, а на крајот стои прашање за сите потрошувачи: „Кој број сте вие?“

Оваа продавница продава долна облека од разни брендови.

Дамите не биле воодушевени од овие шеги и велат дека ваквите наслови во нив предизвикуваат бес и презир.

Треба да знаете
Последни објави