Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат, соопшти премиерот Зоран Заев по средбата вечерва со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.
-Се обединивме повторно сите Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми Бошњаци и сите други. За првпат во македонската историја различните застануваат зад Стево Пендаровски. Пендаровски одамна одлучи да оди напред и да влече. Да биде локомотива. Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево Пендаровски. Пред се, човек кој ги обединува сите етнички заедници , кој верува во оваа политика, политика на едно општество за сите. Верувам дека тој ќе ја спроведува исклучително добро функцијата претседател на Република Северна Македонија. Голема благодарност за другите кандидати, министри од Владата кои покажаа големина и го поддржаа надпартискиот кандидат. Да живее нашето заедништво. Да живее нашето заедничко општество. Ова е историска одлука. Стево Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани на Северна Македонија, потенцира Заев.
Посочи дека вечерва 31 политичка партија заедно се обединија и покажаа дека националните се над паетиските инѕереси.