Како модерната технологија им помага на крадците да обиваат багаж?

Ништо не може да ви го уништи патувањето или одморот како изгубен или обиен багаж. Покрај сите мерки што ги преземате за заштита на вашите лични предмети, се чини крадците се секогаш чекор понапред.

 

Дури и кога куферите ви заклучени со катанец, се случува да бидете непријатно изненадени кога ќе го видите вашиот багаж обиен.

Крадците ја користат модерната технологија што сега е достапна и на „обичните смртници“ – со помош на 3D принтер прават копии на клучевите за катанци на најпознатите брендови за куфери и „елегантно“ ве пљачкаат, а за тоа ќе дознаете дури откако ќе го отворите куферот.

Службите за безбедност велат дека голем дел од крадците уште се користат и со „старите добро познати методи“ на обивање и кршење на бравите и катанците.

Отворањето со „резервен“ клуч направен во 3D принтер е уште полошо бидејќи крадците ги отвораат куферите, ги празнат и потоа ги полнат со други предмети и пак ги заклучуваат. На овој начин вие не знаете дека сте ограбени станувате свесни за кражбата дури откако ќе го отворите куферот дома или во хотелската соба.

Најдобар начин колку-толку да се обесштетите е да го осигурате багажот кога патувате.

Треба да знаете
Последни објави