Кривичен суд: Наводите на САДУ се невистини и шпекулации

Кривичниот суд Скопје ги оценува како невистини и шпекулации наводите изнесени од Синдикатот за администрација и државна управа на Македонија (САДУ) дека се вршат притисоци врз синдикатот за да се стопира најавениот штрајк во Основен суд Скопје 1.

-Во врска со наводите на синдикатот – САДУ за „Притисоци врз синдикатот да се стопира најавениот штрајк во Основен суд Скопје 1 – Скопје” ги известуваме медиумите дека се работи за апсолутни невистини и шпекулации кои го нарушуваат угледот  како на Судот, така и на самите вработени во
институцијата – членови на синдикалните организации, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

За таа цел од Кривичниот суд бараат раководството на САДУ да престане да манипулира со совето членство и, ккао што велат, да се повикува на истите со пласирање на лаги и невистини.

-За појаснување потребно е да напоменеме дека на споменатиот состанок помеѓу Управата и судските службеници  во Судот, не само што воопшто не стана збор за било какви закани и казни, туку Управата даде целосна поддршка и слобода на сите вработени самите да одлучат дали и во каква форма ќе стапат во штрајк за остварување на нивните права. Со дозвола на службениците, целиот состанок е аудио снимен се со цел да не дојде до неосновани обвинувања и изнесување невистини од самиот состанок, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

Заради сето тоа, Судот бара од раководството на САДУ демантирање на изнесените невистини и извинување со цел  да се заштити угледот на Судот и на вработените, а во спротивно, како што истакнуваат, ќе поднесе тужба за објавените лаги.

Треба да знаете
Последни објави