Поведена постапка за убиството во струшко Поум

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга заедно со увидни екипи од МВР извршил увид на лице место во струшкото село Поум, каде вчера во попладневните часови беше убиено 23-годишно момче.
Обвинителот издаде наредби за прибирање и вештачење на пронајдените траги, како и наредба за вршење обдукција над починатото лице.

Јавното обвинителство информира дека околу 18.30 минути, кога на локален пат во близина на Струга со огнено оружје е пукано во сега починатиот и неговиот татко (46). Оштетените се движеле по патот со павтомобил кога до нив се доближил осомничениот (22), управувајќи со друг автомобил. Осомничениот започнал да пука, најпрвин со пиштол, а потоа и со ловечка пушка, при што сега починатиот е смртно погоден, а неговиот татко се стекнал со тешки телесни повреди.

По извршување на делото, осомничениот избегал а подоцна самиот да се пријави во полициска станица.

Надлежниот јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомниченото лице сторило кривични дела убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга ќе достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, велат од обвинителството. 

Треба да знаете
Последни објави