Прв соло концерт на Funk shui во МКЦ

Funk shui на 29 март во МКЦ ќе го имаат својот прв соло концерт.

„Пред фактите и боговите молчат, а за Funk shui доволно е само да се напомене дека изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите ‘Виулица/Сомнежи?’, ‘Крик’, ‘Стаклени нозе’, ‘Деца’, а ако се земат предвид нивните фуриозни настапи, веруваме дека салата во МКЦ ќе биде исполнета до последно место“, велат од Авалон Продукција.

Билетите за концертот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по цена од 300 денари, а на денот на концертот- 400 денари.

Треба да знаете
Последни објави