Четворица заразени со мали сипаници кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести се во тешка состојба, но засега не се во животозагрозувачка состојба, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 29 заболени од морбили, од кои 11 се возрасни, а останатите се деца.
„Иако, тоа е состојба која дополнително може да се искомплицира затоа што станува збор за тешко воспаление на белите дробови“, рече Филипче.
Бројот на заболени на морбили расте, а покрај Скопје, Куманово и Тетово прогласена е епидемија и во Гевгелија, комисијата за заразни болести е во постојана комуникација и се аналиизраат бројките во секој град поединечно, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Засега нема најава за прогласување на епидемија на државно ниво.
Во Скопје од 16.000 невакцинирани деца вакцина примиле 9.200. информираат од Инситутот за јавно здравје тие велат дека загрижуваат бројките на невакцинирани деца во другите гадови.