Џип прегазил две 9-годишни деца во Сингелиќ

Две деца на возраст од 9 години биле тешко повредени откако биле удрени од џип, вчера, во скопската населба Сингелиќ.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 12.35 часот на улицата Алија Авдовиќ. Џип „фолксваген туарег“, управуван од С.Р.(31) од Скопје, удрил во двете деца – пешаци.

Од ударот децата биле повредени по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Кај едно од децата констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди.

Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави