Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави денеска не постои можност Велика Британија да ја напушти ЕУ на 29 март без договор.
На новинарско прашање дали е близу договорот, Варадкар истакна дека не сака многу да зборува бидејќи „влегуваме во многу чувствителен период во следните две недели”.
Тој додаде дека не постои можност да се случи Брегзит на 29 март без договор, и смета дека ќе има „или договор или продолжување на преговорите”.