Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо, кој се наоѓа во посета на Парагвај, каде бара поддршка за промена на власта во својата земја, изјави денеска дека последните денови 600 војници и откажале послушност на Владата на претседателот Николас Мадуро.
– Во следните неколку часови ќе најавиме нови протести, истакна Гуаидо на прес-конференцијата по средбата со парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитес.
Гуаидо нагласи дека разговарале за оружените сили на Венецуела и оти „повеќе од 600 офицери во текот на претходните денови преминале на страната на Уставот, а тоа е многу јасен процес на транзиција кон демократија”.