Бранислав Матиќ (37) е осуден на 10 години затвор поради киднапирање на Милосав Радисављевиќ (81), дедото на Јелена Ѓоковиќ. Второобвинетиот Драган Јериниќ е ослободен од обвиненијата.
Матиќ и Јериниќ беа обвинети дека во јули лани во Љиг го киднапирале Радисављевиќ, го врзале за бандера во нива и телефонски барале откуп од семејството на Новак Ѓоковиќ, сопруг на Јелена.
Радисављевиќ бил пронајден во нива со пченка врзан со лисици за бетонска бандера од каде што барал помош на глас. Киднаперот барал милион евра откуп, а идејата да го киднапира дедо ѝ на Јелена ја добил додека издржувал претходна затворска казна од 5 години поради разбојништво. Матиќ во затворот гледал една телевизиска емисија во која гостувала Јелена и во која меѓу другото зборувала за нејзиниот дедо.
Радисављевиќ на полицијата ѝ кажал дека двајца маскирани разбојници влегле во неговата куќа и му зеле од паричникот 26.000 динари и мобилен телефон, а потоа го извлекле од куќата и го врзале за бандера.