Кро Кап се пензионираше по мозочниот удар на последниот тренинг

Хрватскиот ММА борец, легендарниот Мирко Филиповиќ (44) денеска објави крај на кариерата, откако во понеделникот на тренинг доживеал мозочен удар. Популарниот Кро-Кап денеска излезе од болница и на медиумите им ја соопшти својата одлука.

Лекарите му препорачале да го напушти спортот бидејќи секој удар во главата би можел да биде фатален. Тој повќе пати поради повреди најавуваше крај на кариерата, но секогаш се врашаше посилен од претходно.

Кро Кап овој месец се врати во „кафезот“ и триумфираше над Рој Нелсон во борбата која ја организираше Белатор., што беше негова последна борба, но и десетта победа во низа.

 

Треба да знаете
Последни објави