Јавното обвинителство информира дека околу 18.30 минути, кога на локален пат во близина на Струга со огнено оружје е пукано во сега починатиот и неговиот татко (46). Оштетените се движеле по патот со павтомобил кога до нив се доближил осомничениот (22), управувајќи со друг автомобил. Осомничениот започнал да пука, најпрвин со пиштол, а потоа и со ловечка пушка, при што сега починатиот е смртно погоден, а неговиот татко се стекнал со тешки телесни повреди.
По извршување на делото, осомничениот избегал а подоцна самиот да се пријави во полициска станица.
Надлежниот јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомниченото лице сторило кривични дела убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга ќе достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, велат од обвинителството.