Норвежанецот Оле Гунар Солскјер го воодушеви фудбалскитот свет откако успеа да го врати Јунајтед „во живот“ после отказот на Жозе Мурињо.
Јунајтед под водство на Солскјер игра одлично и бележи победи, а „Црвените Ѓаволи“ иако беа отпишани, сега се вратија во трката за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите идната сезона.
Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ го доведоа Солскјер како привремено решение, меѓутоа Солскјер го оствари тоа што можеби и никој не го очекуваше од него. Поради тоа, како што пренесуваат англиските медиуми, од управата на клубот наводно донеле одлука на Солскјер да му биде понудено продолжување на соработката.
Наводно Јунајтед и Солскјер веќе и постигнале договор, а Норвежанецот ќе потпише четиригодишен договор кој ќе биде официјализиран по крајот на оваа сезона.