Директорот на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” , Азис Положани, денеска потпишаа меморандум за соработка при реализацијата на едукативни програми и изведувањето практична настава и работа за студентите, како и подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадри од областа на животната средина, информираат од претпријатието.
– Очекувам соработката со високообразовните институции да резултира со иновативни и претприемачки креации за ефикасно менаџирање со комуналниот отпад, изјави Шабани.