Девојче стана мајка: Ја силувал партнерот на бабата, аргентинските лекари одбија да извршат абортус

Девојче стана мајка: Ја силувал партнерот на бабата, аргентинските лекари одбија да извршат абортус

Единаесетгодишно девојче од Аргентина стана мајка, а породувањето е извршено со царски рез.

Тоа забременило откако ја силувал партнерот на нејзината баба.

Во февруари оваа година нејзината мајка побарала да се изврши абортус, но властите со недели доцнеле со одгворот.

Во клиниката тврдат дека мајката прво сакала девојчето да роди и изјавила дека таа ќе го чува бебето, но подоцна се предомислила и побарала абортусот дури на крајот на месецот.

Во оваа земја абортусот е противзаконски, освен во случаи на силување и кога е загрозен животот на мајката.

Судот ја одобри процедурата но лекарите поради приговор на совеста одбија да го извршат. Новороденчето е хоспитализирано, но се сомневаат дека ќе преживее.

Треба да знаете
Последни објави